Број на текстови објавени денес: 39
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Невкусен потег на ќерката на Трамп:Иванка ја користи позицијата за да рекламира накит ФОТО

ivanka-tramp2

Иванка Трамп добила главна позиција во администрациајата на својот татко Доналд, но тоа не ја спречува да продолжи да се занимава со она што најмногу го сака – со покажувањето на луксузни работи коишто се обидува да ги продаде!

Инаку, името на Иванка ја краси и линијата на ексклузивен накит, а откако Доналд Трамп и семејството, вклучувајќи ја и Иванка, дале едно интервју, директорката на фирмата на Иванка му испратила на новинарот имејл во кој ја додала фотографијата со една нивна брезлетна вредна 10.800 долари и го замолила тоа да го „сподели со читателите“.

Компанијата за накит на Иванка Трамп подоцна се извинила за маркетингот на 10.800 долари вредната брезлетна, којашто ќерката на новоизбраниот американски претседател ја носела за време на интервјуто „60 минути“ во неделата со нејзиниот татко и семејството.