Број на текстови објавени денес: 0
DVE-LIRI-Baner6-970x90

На пензионерите во Јапонија им даваат „непристојна“ понуда за да престанат да возат

46956957 - a very old man with a valid driving license drives a car.

Полицијата во Јапонија на постарите возачи им дава попуст на супа од тестенини доколку доброволно ги вратат своите возачки дозволи, ветувајќи им поевтина набавка на супи во замена за поголема безбедност во сообраќајот.

„Непристојната“ понуда доаѓа по неколкуте автомобилски несреќи со фатален исход што ги предизвикале возачите постари од 75 години, а во Јапонија ги има околу 4,8 милиони.

Надевајќи се дека меѓу јапонските сениори ќе преовладува желбата за убав и евтин оброк, полицијата во централната префектура Аичи минатиот петок на возачите кои имаат повеќе од 75 години им понудила попусти во локалниот синџир на ресторани.

Постарите возачи кои одлучиле да ги предадат возачките дозволи од плицијата ќе добијат потврда која ќе ја покажат кога ќе нарачуваат оброк со тестенити ќе добијат попуст од 90 јени.

Минатиот месец во Јокохама загинало шестгодишно момче, а 11 деца од основно училиште биле повредени кога 87-годишен возач со комбе ги „собрал“ пред едно основно училиште.

Во март во Јапонија беа воведени нови проверки, односно когнитивни тестови за возачи кои наполниле 75 година, а кои сакаат да им се продолжи возачката дозвола.