Број на текстови објавени денес: 1
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Најстарата жена на светот ја окри тајната на долговечноста: Секој ден јадам по две јајца

najstara-zena

Најстарата жена на светот, Ема Морано, која на 27 ноември ќе наполни 117 години, изјавила дека својот роденден нема да го прославува, и ја открила тајната на долгиот живот, јави АА.

Во разговорот со новинарите рекла дека веќе 90 години дневно јаде по две јајца.

Морано е родена нa 27 ноември 1899 година во Вербанија, Италија и почнала да јаде јајца редовно кога имала 20 години, откако лекарот ѝ дијагностицирал анемија.

Лекарот тогаш ѝ препорачал да консумира две неварени и едно варено јајце секој ден.

– Јадам две јајца дневно и тоа е сè. И колачи. Но, не јадам многу, бидејќи немам заби – рекла оваа Италијанка.

Нејзиниот лекар, Карло Бава, потврдил дека неговата пациентка не се придржувала на конвенционалните нутриционистички совети.

– Ема никогаш не јадела многу зеленчук и овошје. Кога ја запознав, јадеше три јајца дневно, две неварени наутро и омлет напладне, а пилешко навечер – рекол Бава.

Најстараtа жена на светот, сепак, во последно време не јаде многу и не излегла од станот веќе 20 години. Го надживеала целото свое семејство и пријателите и истакнала дека не сака да ги прославува родендените. На крајот рекла дека доаѓаат луѓе од целиот свет за да ја посетат.

– Луѓе доаѓаат од Америка, Швајцарија, Австрија… Доаѓаат од сите страни да ме видат – рекла Ема Морано.

Вo последно време не јаде месо, бидејќи некој ѝ рекол дека предизвикува рак.