Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Најскапата свадба: Ќерката на руски тајкун се омажи во венчаница од 600.000 евра ФОТО

39f56e7200000578-3894536-image-a-16_1478020097454

Ќерката на нафтениот тајкун Илком Шокиров го изговори судбоносното „да“ на раскошна венчавка во Москва, којашто медиумите ја нарекоа најекстравагантна на сите времиња.

Мадина Шокирова носела фустан опточен со скапоцени камења којшто за неа го креирале британски дизајнери, а којшто чинел 40 милиони руски рубљи, односно речиси 600.000 евра.

Идентитетот на младоженецот не е познат, односно познато е само дека се презива Садор. На венчавката присуствувале 900 гости. Најголемо внимание, освен неверојатно скапата венчаница, привлекла свадбената торта, висока над три метри.

Моминската вечер, оваа руска богаташка ја поминала со пријателките во летувалиште во Марбелја, Шпанија, каде што со пријателките отпатувала со приватен авион. Потоа уште една моминска вечер организирала во луксузен ресторан во Русија.

Само на забавната содржина на венчавката, која вклучувала танчари и музичари, биле потрошени 30 милиони рубљи, односно околу 425.000 евра.

Иако семејството на невестата со сите сили се труди да ги скрие сите детали од својот приватен живот, медиумите наведуваат дека Илком Шокиров е сопственик на најлуксузниот хотел во узбекистанската престолнина Ташкент. Покрај тоа, поседува и 65 отсто акции во еден од најголемите трговски центри во Узбекистан, како и неколку хотели во Москва.