Број на текстови објавени денес: 1
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Најмалку 14 повредени во силниот земјотрес во Јапонија

zemjotres-japan4

Најмалку 14 лица се повредени од силниот земјотрес, што денеска ја потресе јапонската префектура Фукушима, пренесоа американските медиуми.

Најмалку тројца од повредените се наоѓаат во сериозна здравствена состојба, со скршени екстремитети.

Земјотресот беше регистриран во 5.59 часот по локално време. Епицентарот на потресот беше во морето, крај брегот на Фукушима, на длабочина од 25 километри, информира Јапонската метеоролошка служба, која прецизира дека магнитудата на ударот изнесувала 7,4 степени.

Земјотресот разниша повеќе згради во главниот град Токио, што се наоѓа на 250 километри југозападно од Фукушима.