Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Националната демократска преродба и БЕСА заедно на изборите

Национална демократска преродба и движењето БЕСА денеска соопштија деќе ќе коалицираат за претстојните избори. Сорабоката, како што беше речено на денешната -прес конференција, е потврдена и на највисоките органи на партиите.

Коалиција која ќе настапи на парлементарните избори на 11 декември ќе се вика Преродба со БЕСА што ќе биде и лајтмотив на предизборна кампања: тие кои сакаат БЕСА и ПРЕРОДБА, тоа можат да го најдат кај нас.

Коалицијата ги подготви кандидатските чисти за изборните единици 1, 2, 5 и 6.

Во изборната единица број еден ПРЕРОДБА СО БЕСА ќе биде предводена од потпретседателот на Движењето БЕСА, Зеќирија Ибрахими;
– во изборната единица број 2 коалицијата ќе биде предводена од генералниот секретар на Движењето БЕСА, Африм Гаши:
– изборната единица број 5 ќе биде предводена од др. Арбен Лабеништи, исто така потпретседател на Движењето БЕСА, и
– изборната единица број 6 ќе биде предводена од претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами – како број еден и претседателот на Националната Демократска Преродба, Фадил Зендели – како број 2.