Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL

Мистериозна светлина се појавила за време на земјотресот во Нов Зеланд (ВИДЕО)

zemjotres-svetlina-nov-zeland

Во силниот земјотрес на Нов Зеланд загинаа две лица и беше предизвикана огромна материјална штета, но остана нејасна каква е таа морничава зелена и сина светлина кој се појави на небото за време на земјотресот.

Сеизмолозите во последниве години почнале посериозно да обрнуваат внимание на овој вид на светлина, која повремено се јавува за време на земјотреси, но се’ уште целосно ја немаат одгатнато нејзината природа, пренесува Ало.

Оваа морничава светлината може да се појави како светлина што се чини како да се појавува од земјата, а понекогаш изгледа како удар на молња. Според една студија објавена во 2014 таа обично се приметува во области каде што земјотресот предизвикал одрони на големи количини земја и на кои, како што вели народот „се отвора земјата“.

Истата година, научниците забележале дека во местата каде што има засадено житарки може да дојде до генерирање на вакво наелекризирање, но се’ уште не е јасно како и зошто се случува тоа.

– Светлината што се јавува за време на земјотреси е целосно потценета. Таа обично се појавува во дел од секундата – вели Фридман Фројнд, кристалограф (научник кој ја проучува атомската структура на материјалите) од истражувачкиот центар Ејмс на НАСА во Маунтин Вју во Калифорнија и Државниот универзитет во Сан Хозе.

Се претпоставува дека оваа светлина се случува кога магнетните карпи кои лежат подлабоко во земјината кора поради земјотресите се поместуваат нагоре, што предизвикува електрично празнење кое го јонизира воздухот и генерира светлина.

Интересно е да се додаде дека најголемиот дел од светлината е забележана при земјотреси кои се случуваат во оквир на континенталните тектонски плочи, а не во зоните на субдукција, кога плочите се подвлекуваат една под друга.

Во последните неколку векови биле забележани повеќе од 60 случаи на оваа појава при потреси на тлото. Така, на пример, пред големиот земјотрес во 2009 во Аквила во Италија е пријавена појава на „пламени јазици“ крајот патот, а во 1970 во Јукон, Канада зелена светлина е забележана на небото. До неодамна, овие извештаи не се земаа сериозно, па затоа и во овој случај прво појавата била поврзана со НЛО, за подоцна да се утврди дека светлината се видела за време на земјотресот.