Број на текстови објавени денес: 26

Мирчевски: Ќе ги помогнеме компаниите за да не ни се случи нов „Југохром“

%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%81-%d0%bf%d0%b5%d1%86%d0%b5-%d0%bc%d0%b8%d1%80%d1%87%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8

Печките на Југохром се изгаснати. Но со тоа, правејќи се дека решава еден проблем, власта успеа да направи нов, 720 вработени сега се во неизвесност за своите работни места и за својата плата со која ги прехрануваат семејствата. Не е познато кога и дали ќе се вратат на работа, рече на денешната прескоференција Пеце Мирчевски, претседател на Комисијата за животна средина на СДСМ и член на Извршниот одбор на СДСМ.

– Од комбинатот известија дека проблемот е предизвикан поради неажурноста на надлежните државни институции. Наместо да ги поставуваат филтрите за фабриката да продолжи да работи согласно стандардте, тие повеќе од дваесет месеци чекале да им биде издадено одобрението за градба. Со тоа, наместо да помогнат, државните институции одмагале проблемот да се реши. Вината зошто Југохром толку долго време го загадуваше воздухот, но и зошто работниците од Југохром и покрај се останаа без работа, треба да ја сноси власта и никој друг – рече Мирчевски.

Власта мора да даде одговор, додаде тој, кој и зошто ја кочел постапката за Југохром и веднаш да помогне во изнаоѓање решение за вработените.

– Дека оваа власт е штетна по здравјето и животот на граѓаните, досега многупати се уверивме. Македонија има најзагаден воздух во Европа според Светска банка, а власта со години не презема ништо за да го намали загадувањето. Ние имаме план за решавање на проблемот со загадувањето. Во планот, меѓу другите мерки вклучена е и можноста за добивање поволни кредити за фирмите, за да можат да постават филтри и да ги почитуваат сите еколошки стандарди. Граѓаните на 11 декември ќе стават крај на погубните политики и неодговорното владеење – порача Мирчевски.