Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL

МВР НА Р.М. БИЛЕТЕН НА НАСТАНИ ЗА ДН 23.11.2016 ГОДИНА

zgrada-na-MVR-2

На 23.11.2016 година во 18.35 часот од ЕИК Скопје било известено дека во 14.30 часот на подрачје на ПС Бит Пазар, од страна на 10 до 15 непознати лица, ученици во СУГС „Владо Тасевски“, кои откако се симнале од автобус бр.50 извршиле физички напад над двајца седумнаесетгодишни ученици од  истото училиште. Од страна на лекар кај двајцата биле констатирани  телесни повреди.  Едниот од нив ќе биде задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.

 

На 23.11.2016 година во 15.30 часот во ПС Виница, Л.И. (54) од Виница пријавила дека на 19.11.2016 година во непознат правец се оддалечила нејзината седумнаесетгодишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 23.11.2016 година во 10.00 часот на ГП Табановце, при пасошка контрола, констатирано било дека на патната исправа на лицето К.М. (36) од Р.Албанија, со употреба на механички и хемиски средства, било извршено бришење на податоци. К.М. бил приведен во ПС Табановце, а наведената патна исправа била одземена. Во 11.00 часот истите се предадени на инспектор при РЦ Север Куманово за понатамошна постапка.

 

На 23.11.2016 година во 09.30 часот во ПС Неготино било пријавено дека во периодот од 01.30 до 09.30 часот истиот ден непознати сторители извршиле оштетување на стаклата на просторијата каде е сместен месниот комитет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на ул. „Маршал Тито“ во Неготино, како и на стаклата на просторијата каде е сместен месниот комитет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на ул. „Партизанска“ во Неготино.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А. (50) од с. Џепчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 10.10.2016 година околу 18.20 часот пријавениот, движејќи се со ТМВ „Ивеко“ удрил во ПМВ „Пежо“ управувано од С.М. (37) од Тетово, по што помеѓу нив настанала вербална расправија. Во расправијата пријавениот физички го нападнал С.М., удирајќи го со тупаници во пределот на главата при што му нанел тешка телесна повреда. По ова пријавениот го напуштил местото на настанот, а С.М. го пријавил настанот во СВР Тетово.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.И. (22) од с. Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени осум кривични дела, од кои шест се „тешка кражба“ и две „тешка кражба во обид“. Во периодот од јули до септември 2016 година пријавениот ги сторил кривичните дела на подрачјето на Тетово на тој начин што со употреба на физичка сила и подесен предмет ги обивал вратите на продавници, месари и бутици од каде одземал поголема сума на парични средства и разни предмети стекнувајќи се со противправна имотна корист од 109.600 денари.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б. (19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Пријавениот на 21.11.2016 година околу 07.50 часот на бул. ,,Партизански Одреди“ ја забележал оштетената како се движи по тротоарот и со употреба на физичка сила ѝ одзел  плик-чанта во која имало клучеви од стан и пари, по што побегнал. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од  осум дена.

 

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Н. (52) – директор на ЈП за просторно и урбанистичко планирање-Прилеп и против Г.Ј. (41) -раководител на Одделението за паркинзи во ЈП, двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавените, во чија надлежност за подрачје на општина Прилеп работи „пајак службата“, од 2008 година до денес не преземале мерки и активности во однос на подготовка и изготвување на конзистентни подзаконски акти и правилници за работа и организација на „пајак службата“ со кои би се воспоставил систем на транспарентност, законитост и контрола на постапувањето на вработените во Јавното претпријатие кои биле задолжени да работат во наведената служба. Притоа, на овој начин, само за периодот од 01.01.2016 до 23.04.2016 година овозможиле во Буџетот на Јавното претпријатие да бидат неевидентирани и ненаплатени парични средства во износ од 384.872 денари за кој износ и го оштетиле Буџетот на ЈП за ПУП-Прилеп.

 

НК за КР Берово поднесе кривична пријава против З.П. (26) од с.Двориште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 26.07.2016 година на патниот правец Струмица – Берово полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „Застава“, управувано од пријавениот, при што било утврдено дека  во моментот истиот врши јавен превоз на 1,5 кубни метри дрвни сортименти со испратница издадена од правен субјект на релација од с.Двориште до Берово, а за истото не поседувал лиценца.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Џ. (41) од с. Мерово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „пустошење шума“. На 04.10.2016 година полициски службеници, во бачило сопственост на пријавениот на м.в. Јабланица, атар на с. Мерово, го затекнале како сече 5,5 кубни метри огревни дрва кои потекнуваат од бесправна сеча.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.З. (39) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.04.2016 година околу 16.10 часот полициски службеници, на ул. „Благоја Тоска“ во Тетово, сопреле патничко возило „Форд“ сопственост и управувано од пријавениот. При извршен преглед на истото биле пронајдени четири полиетиленски пакувања со наркотична дрога хероин со вкупна маса од 0,58 грама.