Број на текстови објавени денес: 59

МВР НА Р.М БИЛЕТЕН НА НАСТАНИ ВО Р.М ЗА ДЕН 18-11-2016 ГОДИНА

zgrada-na-MVR-2

На 18.11.2016 година околу 19,10 часот во с.Косел-Охрид, во ресторан „Јарец“, полициски службеник од ПС за БПС-Охрид С.С., кој бил во униформа, за време на извршување на работни задачи, заедно со уште еден полициски службеник, седел на една од масите и конзумирал алкохол и во еден момент од џебот од униформата извадил повеќе листови на кои имало кривични пријави со датум од 18.11.2016 година. Притоа гласно почнал да упатува закани и навредливи зборови кон повеќе лица вработени во СВР Охрид. Причина за заканите и навредите била да се наруши интегритетот, угледот, честа и достоинството на пријавителите како повисоки раководни лица во СВР-Охрид, со што кај истите предизвикал чувство на страв, вознемиреност и несигурност. За настанот е запознат Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

На 17/18.11.2016 година во периодот од 22,00 до 07,30 часот во Велес на ул.„Ѓорче Петров“, во куќата сопственост на Ж.А.(69), непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што преку незаклучената порта влегол во дворот на куќата, од каде преку ограда се префрлил во соседниот двор, се прекачил преку ѕид висок околу метар и дошол до кровот на куќата, од каде дрвени скали водат до внатрешниот простор на поткровјето. Притоа насилно делувајќи на дрвениот парапет, влегол во куќата и одзел 6.000 денари, пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65мм, кој бил поседуван со дозвола, две празни рамки од пиштол и мобилен телефон „ЛГ“. Потоа го напуштил лице местото. Со тешката кражба сторителот причинил материјална штета од околу 17.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 18.11.2016 година околу 08,00 часот во с.Бориево, Општина Босилово, од страна на полициски службеници  од ПС за ГП на ГН-Ново Село и СВР-Струмица, било запрено ПМВ„Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(20) од Скопје, а како совозач бил У.Х.(22) од с.Радање-Штип. Во возилото биле затекнати седум лица-мигранти од Сирија. Лицата С.И. и У.Х. се приведени, против истите е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по што од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена. Лицата се предадени во КПУ-Затвор Скопје.

На 18.11.2016 година во 05,00 часот во Свети Николе на ул.„Плоштад Илинден“ , од засега непознати причини настанал пожар во печатница „Цвај Дизајн“ лоцирана во Домот на културата „Крсте Мисирков“, при што истата целосно изгорела, а опожарен е инвентарот во холот на Домот, билетарата, помошните простории, а биле зафатени и простории на трговски друштва -закупци (пицерија „Леа“, кафе бар „Плаза“, бутик „Ива“, тобако „Куба“ и канцеларија на извиднички одред „Гоце Делчев“). Пожарот е локализиран од екипа на ТППЕ-Свети Николе. Причинетата материјална штета дополнително ќе биде утврдена.

На 18.11.2016 година во 22,30 часот во СВР-Битола пријавен е пожар во фирмата „Виномак-Битола“ каде бил зафатен целиот објект, а во кругот имало и други корисници на просторот и постоело можност да бидат зафатени и други објекти. На 19.11.2016 година во 00,10 часот од екипа на ТППЕ-Битола, пожарот е локализиран. Се преземаат мерки за утврдување на причините кои довеле до опожарување.

На 18.11.2016 година во 22,30 часот телефонски во ПС-Демир Хисар, од страна на полициски службеник, пријавен е пожар на еден дел од објект-поранешно женско одделение, сопственост на ЈЗУ„Психијатриска болница“-Демир Хисар, лоциран на ул.„Битолска“бб-Демир Хисар, при што целосно изгорел 1-кат и поткровјето од објектот. Материјалната штета и причините за настанување на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

На 18.11.2016 година во ПС-Драчево, донесено е лицето Д.Д. (24) од Велес, која е пријавена за исчезната на 11.11.2016 година. Во 23,00 часот лицето е превземено од полициски службеник од СВР-Велес и со потврда за предавање на лице на 19.11.2016 година во 00,30 часот е предадено на нејзината сестра Д.Ј..

На 18.11.2016 година во 21,30 часот во Прилеп на ул.„Трајко Тарцан“ се случила сообраќајна незгода во која засега непознато лице управувајќи ПМВ, удрило во пешаците-деца на возраст од 12 и 13 години. Децата се пренесени во ГБ-Прилеп, каде кај 13 годишното дете се констатирани ТТП, додека 12 годишното дете се здобило со телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Б.(42) и З.Б.(37) двајцата од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела  „бесправно грдење“ и  „узурпација на недвижности“. Пријавените во текот на 2016 година противправно изведувале градби на објекти на земјоделско земјиште во сопственост на Република Македонија  атар на с.Таринци, општина Карбинци кое земјиште бесправно го узурпирале со намера да градат и со тоа ги уништиле природните својства на недвижноста, а без притоа да обезбедат Одобрение за градење.