Број на текстови објавени денес: 1
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Мајкл Бубле ја стопира кариерата додека не се излекува неговиот син од карцином

michael-640x457

Канадскиот пејач Мајкл Бубле ќе ја стопира кариерата додека неговиот син не се излекува од рак на црниот дроб.

Целиот свет занеме кога канадскиот пејач објави дека неговиот тригодишен син Ноа боледува од рак.

Сега му претстојат четири месеци хемотерапија, а пејачот одлучил целосно да се посвети на излекувањето на својот син, за кого велат дека има шанси 90 отсто да ја победи болеста.

– Тој нема да пее се додека детето не му закрепне. Се затвори и мислам дека не ги ни проверува социјалните мрежи, но сигурен сум дека ги чувствува љубовта и поддршката коишто му ги праќаат милиони луѓе – рекол пријателот на Мајкл Бубле, канадскиот музичар Дејвид Фостер.