Број на текстови објавени денес: 0

МАКЕДОНСКА ЛОБОТОМИЈА

%d0%bc%d0%b8

Во низата на противречности и парадоски,кој го обележуваат друштврно -политичкиот живот во Македонија , а секаде преку своите мегафони се јавува ВМРО ДПМНЕ ,се поставува отворено прашање – Дали постои некоја друга Македонија ,за која обичниот народ не знае , по теркот на онаа анктиквизирана?!

Во стварност ,денес од ден на ден иаме секојдневно ретерирани изјави од досегашната партија на власт , чиј идеолози к’тадневно ја обвинуваат опозицијата за некаков си пост изборен инжинеринг?!(На рѓавиот к.. и влакната му сметаат),тој е ставот на моменталната политичка конјуктура , но и праксата на спроведување на власта на таканаречениот преродбенички режим во изминативе 10 години, кој историски гледано во голема мера ја превзел иделошката матрица на нацизмот!

Ваквата нивна идеолошка концепција , се поврзува со таканаречената според нив национална и проевропска верзија , нешто што едно со друго се дијаметрално спротиставени тези на едно опшество,ако се знае дека демократијата не познава националистичка проевропска верзија ,секако доколку поинаку не ја замислиле„ експертите“,самопрогласени Универзитестки професори избркани од универзитет??!

Доколку Макеоднија според Устав е Суверена и незавизна Република , тогаш против народот кој живее во нејзе ,не може да се применува говор на омрза , и погрдна реторика , да ги анрекуваат предавници !Предавници се оние кој му го свртеле грбот на својот народ ,заслепени од својата преголема концентрација на власт , оние од врхушката на власта ,кој својот народ го претвориле во ослепени Самоилови војници,за лични свои профитерски идеологии!

Во едно демократско опешство не постои национална демократија ,зато што самиот тој термин означува нејзина арбитражна ограниченост на припадници само на една нација ,а не на сите граѓани кои живеаат во Македонија,зошто ако опшественото уредување не е граѓанско , поточно во интерес на граѓаните , тоа тогаш едноставно е НИКАКВО!

Доколку и понатака не ги осознаеме основните опшествени вредности на едно опшествено уредување, дека сите граѓани се еднакви според Устав ,како пред законите , така и пред институциите , тогаш и самата државотворност е изгубена .

Проектот на опозицискиот лидер Зоран Заев и СДСМ „Вистината за Македонија“  во мал дел ја долови суровоста на една ненародна власт ,како тоа се иживувала врз својот народ. Некој , и тогаш и денес го осудуваат објавувањето на материјалите ,кој власта ете за да има целосна контрола врз своите граѓани , дури навлегувала и во нивната интима !, си играле воаери печалејќи на маката на народот! За потсетување , и еден амерички претседател после аферата „Вотергејт“, си ги собра куферите, но и тогаш САД исплати над 15 милијарди долари оштета на засегнатите страни ,кој биле нелегално прислушувани од страна на власта.

Кој ќе го плати крајниот цех на лудоста на една децениска калакурница на власта , е повеќе од јасно, секако народот на Макеоднија, зошто самиот чин на нелегални прислушувања, следења , снимајна на своите граѓани , дури и во нивните спални соби , еден ден секако дека некој ќе плајќа дебели оштети.

Токму затоа, кога едена власт е гнила до испод темел , треба да замине во историја , и никогаш повеќе да не се повтори. Време е за граѓанско опшество , каде граѓанинот без разлика на национална , весрка и политичка определба ќе биде пред се’ и над се’ , со сите свои права и обврски.

Сашо Денесовски