Број на текстови објавени денес: 59
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Леонардо Дикаприо ручал во ресторан за бездомници

sw_ktkqturbxy9jmjzkmtm4ndk2mwe5zguxmzjly2m2nwrlmdjimtu3zc5qcgvnk5uczqmuamldlqlnadyawsovb9kyl3b1bhnjbxmvturbxy8xzdc0y2i0mtcwntk1mdqznjyyownhymq2mdzmntbmni5wbmchwga

Холивудскиот актер и оскаровец Леонардо Дикаприо ручаше неделава во еден ресторан во Единбург којшто собира пари за бездомници.

Имено, Дикаприо бил гостин во ресторанот „Дом“ во кој посетителите можат да платат однапред оброк за бездомниците.

– Голема чест ни претставува што Дикаприо беше гостин во нашиот ресторан и што ја поддржа добротворната акција. Секој понеделник организираме вечера за бездомници, а им нудиме можност да се вработат кај нас. Тоа што една голема холивудска ѕвезда ги препозна нашите напори да ја намалиме сиромаштијата, е голема работа за нас – рекол сопственикот на ресторанот за „Дејли мејл“.

Имено, Дикаприо со години наназад се занимава со добротворна работа и се бори за зачувување на животната средина.