Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Леди Гага: Ми недостигаат луѓе

ledi-gaga2

Американската поп пејачка Леди Гага зборувајќи за негативната страна на тоа да се биде светски популарен изјави дека е најлошо што не може нормално да разговара со луѓето.

„Ми недостигаат луѓе. Ми недостасува да излегувам, случајно да запознавам луѓе, да велам `Здраво` и да разговарам за животот. Сакам луѓе“, изјавила Гага во интревју за ЦБС Сандеј Морнинг.

30-годишната пејачка, родена како Стефани Германота, вели дека кога го напуштила својот дом и станала популарна, на некој начин почнала да им припаѓа на сите.

„Законски е да ме следат, законски е да ме демнат, јас не можам да повикам полиција“, додала Гага.

Пејачката открила дека албумот „Џоан“, инспириран од нејзината покојна тетка, е одговор на потребата да се биде автентичната Стефани.

Вистински успех според Гага, е кога твоите најблиски се горди на тебе.

„Да се усреќи својот татко, посебно за девојка италијански католик, е навистина добро чувство. Нема ништо подобро од тоа да влезеш во ресторанот на својот татко и да видиш насмевка на неговото лице и да знаеш дека тој, мајка ти и сестра ти се навистина горди со тебе и дека не си изгубил допир со себе си“, рекла уште Леди Гага.