Број на текстови објавени денес: 42
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Кoнечно решена мистеријата на англиското селo во кое итаат туристи

selo2

Во мај оваа година, малото место Кидлингтон во Велика Британија одеднаш од непозната причина почнале масовно да го посетуваат туристи. Тие, без ниту една посебна причина, почнале да го фотографираат и љубопитливо да го разгледуваат.

Главно станувало збор за туристи од азискиот континент, а во тоа време постоеле бројни теории за причината на популарноста на Кидлингтон, помеѓу останатото, дека бараат ретке Покемони или дека тука е сниман „Хари Потер“.

Речиси половина година подоцна пристигнал одговорот. Водичот на кинеската туристичка агенцијата за „Би-би-си“ објаснил дека тој и неговите колеги почнале тука да доведуваат туристи и да им ги покажуваат куќите и бавчите исклучиво од една причина: да им ја покажат вистинската, оригиналната Англија, која не можат да ја видат во повеќето градови.

Понатаму, водичот рекол дека туристите се воодушевени од местото, бидејќи неговото опкружување наведува дека се чувствуваат задоволно и спокојно.

Исто така, додал дека куќите и градините најмногу ги воодушевиле посетителите. И додека поедини домаќинки биле вознемирени од тоа, бидејќи по излегувањето од куќата наидувале на луѓе под прозорците, некои веднаш направиле добар бизнис со продажбата на чаеви.

Како и да е, туристите во Кидлингтон пристигнуваат и понатаму, а жителите досега толку навикнале на нив, така што речиси повеќе не ги забележуваат.