Број на текстови објавени денес: 42
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Кралицата Елизабета II и принцот Филип всушност, се роднини

kralica-12

Кралицата Елизабета II и принцот Филип кои се во брак веќе 69. години, односно тие имат заеднички прадедо и прабаба – кралицата Викторија и принцот Алберт кои и самите биле роднини.Иако можеби тоа изгледа чудно, некогаш ова била вообичена пракса меѓу членовите на кралските семејства, кога се водело сметка за тоа „сината крв“ да се задржи во тесен круг, без вплеткување на странци.

Покрај тоа што се роднини, кралицата Елизабета II и принцот Филип имаат и возбудлива љубовна приказна.Кога таткото на кралицата, кралот Џорџ VI го посетил Поморскиот факултет во Дартмут година, ја земал и неговата, тогаш 13- годишна ќерка, Елизабета. Додека кралот бил во официјална посета, кадетот по име Филип Монтбатен, трет роднина на Елизабета и грчки принц, имал задача идната кралица да ја запознае со околината. Елизабета веднаш се вљубила во него, а подоцна и се доверила на писателката Бети Шо дека на почетокот не им било лесно. Двојката се венчалала во 1947.