Број на текстови објавени денес: 26

Кипарската телеком компанија „Сита“ оди на продажба

%d1%81%d0%b8%d1%82%d0%b0

Кипар ќе ја почне процедурата за продажба на телекомуникациската компанија „Сита“, синоќа одлучи Министерскиот совет на републиката, јавува грчкиот весник „Нафтемборики”.

Процедурата предвидува да се продадат сто проценти од акциите на компанијата.

Приватизацијата на државниот телеком беше еден од условите на кредиторите за извлекување на Кипар од кризата, откако островската држава повеќе не е опфатена во спасувачките мерки.