Број на текстови објавени денес: 31

Кејтлин Џенер од ден на ден се повеќе наликува на Синди Крафорд ФОТО

katlin-dzener

Од како првпат Брус се појави како Кејтлин, таа води сметка за тоа како изгледа. Таблоидите забележуваат дека полека но сигурно Кејтлин ја оставрува својата желба да личи на некогашниот супер модел Синди Карафорд.

Медиумите дури пишуваат дека таа направила бемка на лицето како Синди, но нејзиниот портпарол тоа го демантирал. Некои наведуваат дека таа понекогаш се претставува како постара сестра на Синди и дека е убедена дека светот гледат колку тие двете личат. Минатата година, на една церемонија во Холивуд, Кејтлин облекла сличен фустан како Синди, а на насловната страница на „Венити Феар“ имала и идентична фризура.

Тогаш и славната манекенка се огласи на социјалните мрежи: „ОК, Кејтлин Џенер ја позајми мојата фризура за шоуто на Венити феар. Можам ли јас сега да ги позајмам нејзините нозе?!„