Број на текстови објавени денес: 64
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Како конечно да го победите целулитот? Топ совети против најголемиот непријател на жената

cellulite

Со првите топли денови жените обично ги фаќа паника како да се соблечат во кратко здолниште и панталони, кога сè уште не се ослободиле од целулитот. За да се изборите што побрзо со овој естетско-здравствен проблем, борбата започнете ја сега.

Секое утро на празен желудник испијте две мали лажици јаболков оцет, бидејќи тој е одличен чистач на организмот и ќе ви помогне да ги елиминирате токсините.

– Во исхраната вклучете ленено семе, овесни снегулки и јачмен.
– Кељот, брокулите, блитвата и спанаќот би требало да бидат основата на исхраната, бидејќи се богати со витаминот Ц, калиум и калциум, а имаат мошне малку калории и не содржат масти.
– Избегнувајте премногу солена и зачинета храна, бидејќи таа ја задржува водата во телото, а тоа е една од основните причини за настанување на целулитот.
– Секој ден најмалку еднаш испијте зелен или чај од бреза, кој исто така го подобрува исфрлањето на вишокот течности.
– Заборавете на фабричките сокови полни со шеќери, а наместо нив пијте уште повеќе вода – два литра дневно се пожелна доза.
– Издвојте секој ден барем 20 минути за вежбање за да го забрзате метаболизмот.
– Пред спиење нежно масирајте ја кожата зафатена со целулит со талог кафе, бидејќи тоа ја стимулира циркулацијата на крвта и лимфата. Потоа, туширајте се наизменично со топла и студена вода.