Број на текстови објавени денес: 59

Како Брус Ли помогна да се смени светот

brus-li

„Луѓето сметаа дека Брус Ли е само филмска ѕвезда. Но, тој беше вистинска икона, симбол за етничка гордост и еднаквост“, говори авторот на книгата „Теоретизирање на Брус Ли“ за мајсторот на боречките вештини. Деновиве навршија 76 години од неговото раѓање.

Авторот Пол Баумен објаснува како тоа Брус Ли помогнал да се смени светов.

„Многу го сакав Брус Ли. Секогаш велев дека тој е многу важен. Луѓето се смееја зашто сметаа дека тој е само филмска ѕвезда. Луѓето во Америка зборуваа за расни и етнички проблеми, а Брус Ли беше еден од првите, можеби и прв акционен актер кој не бил белец, а луѓето од Запад го гледаа на екраните и го обожаваа. Брус Ли навистина привлече огромна публика – не само белите луѓе од Запад, туку и црните луѓе и луѓе од Азија. Тој беше вистинска икона“, посочил Баумен.

Брус Ли исто така, продолжил авторот, беше првиот азиски актер кој ги поврза Истокот и Западот. Тој го сними првиот филм акција кој беше продуциран со соработка меѓу Хонгконг и Холивуд, така што Брус Ли навистина предводеше големи промени во западната култура и во филмската индустрија.

„Брус Ли го трансформира начинот на кој се снимаа акции на Запад. Пред него, тепачките во холивудските филмови беа навистина лоши, имаше само ужасни тупаници и каубојци кои си кршат столици од грб, а по Брус Ли се појавија неверојатни боречки вештини. Тоа беше она што Холивуд го сакаше“, обајснил Баумен.

Авторот додава дека Брус Ли бил навистина инспиративен, во смила што секогаш велел дека човек мора да си го најде сопствениот пат, дека не треба слепо да следи лидери, туку дека треба да провери дали нивните лекции му одговараат.