Број на текстови објавени денес: 89
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Исфрлете ги овие навики и нема да настинете!

16256432315839d44de6c7f113954667_v4-big

Со покривањето на устата и носот за да ни биде потопло, топлите напивки пред излегувањето од дома, брзото чекорење или трчање до дома додека надвор е студено – всушност, само ни штети.

1. Дишење на уста додека сме надвор

Кога дишете низ уста не можете да го загреете воздухот ниту да го овлажнете, што ја зголемува веројатноста од развој на ангина. Опуштете се и едноставно дишете низ нос, полека и длабоко.

2. Ги покриваме устата и носот со шал

Иако тоа не грее, понекогаш тоа може да биде уште полошо за нас. На пример, кога е многу студено. Тогаш воздухот којшто го издишивме може да се претвори во мраз ако падне директно на шалот или палтото. Тогаш ќе ви биде уште поладно, а поради тоа сте изложени на ризик од ангина, бронхит и иритација на кожата. Во ред е да го покриете лицето, но немојте да го покривате носот.

3. Трчаме дома додека се тресеме од ладно

Ако сте надвар на ниски температури добро е да се загреете некаде на неколку минути, но потоа продолжете понатаму. Немојте да трчате дома кога ви студи, бидејќи тогаш ќе ви биде уште поладно и полошо.

4. Носиме премногу тесна облека и обувки

Во овој случај сигурно попрво би се смрзнале ако носите тесна облека и обувки, отколку удобна и поширока. Воздухот помеѓу слоевите, всушност, ве грее.

5. Пиеме топли напивки пред да излеземе од дома

Ако надвро е многу студено, подобро е пред излегување да испиете чаша вода или што било друго што стоело на собна температура, бидејќи ако испиете топол пијалак, вашето тело ќе ја губи топлината пребрзо и затоа многу брзо ќе ви биде ладно. Жешкиот чај или кафе ја зголемуваат циркулацијата и ги подобруваат одбранбените механизми на телото, но исто така ги шират крвните садови.

6. Излегуваме гладни

За телото да произведува доволно телесна топлина потребна му е енергија, бидејќи, во спротивно, ќе се смрзнете веднаш откако ќе излезете од дома. Затоа, треба да јадете веќе на самиот знак на глад.

7. Се греете со алкохол додека сте надвор

Ќе ви биде потопло само 30-40 минути по напивка. Потоа телото нагло ќе почне да се лади.