Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Искршени прозорци од штабот на СДСМ во Арачиново

sdsm-14

Искршени се прозорци во штабот на политичката партија СДСМ во Арачиново, вчера.

И.Ф. од Арачиново пријавил во полиција дека околу 05 часот од возило непозната марка, кое поминувало пред неговата куќа, непознати лица фрлиле разни предмети со кои искршиле четири прозорски стакла од долниот кат на куќата, каде е сместен штабот на СДСМ.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.