Број на текстови објавени денес: 87
LAKI HOTEL

Земјотрес во близина на нафтен терминал во Оклахома

земјотрес(16)

Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот во близина на големиот нафтен терминал во американската сојузна држава Оклахома.

При потресот се оштетени неколку згради, од каде се евакуирани сите жители.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 3,2 километри западно од Кушинг, град со околу 8.000 жители, кој е значаен петрохемиски центар и важно место за испорака на нафта.

Засега нема информации за повредени лица, ниту за штета врз нафтената инфраструктура.

Локалните власти соопштија дека дел од градот Кушинг бил евакуиран поради истекување на гас.