Број на текстови објавени денес: 59

Заев: Ние гарантираме бесплатно лекување за сите

download-2415

Дојдов во градот на виното да ви ја кажам вистината, Груевски паѓа, готов е. Има уште 13 дена од неговото владеење. После тоа доаѓа живот во Македонија,рече вечерва во Кавадарци,лидерот на СДСМ,Зоран Заев.

– Ќе има живот за сите нас. На дофат ни е тој живот. Просечната плата од 500 евра ќе ви овозможи да имате пристоен живот. Нема повеќе да се срамите од вашето дете кога му велите дека немате. После промените, вашите деца нема да ви заминуваат. Тоа е прво и најважно во нашата програма. Нашата програма нуди живот во земјава. Работев и се мачев додека не научив како поштено да се работи во земјоделството. И научив. На моите раце се е запишано. Ја знам земјоделската мака и барам поддршка од земјоделците. Денеска јас им давам плата на над 820 луѓе. Се грижам за 820 семејства за да имаат нивните деца дома храна. Струмица е најразвиена општина. Значи ако ние во Струмица сме можеле без кредити, може и земјата. Ние гарантираме бесплатно лекување за сите. Нема веќе луѓе да ни умираат по болници. После 11 декември јас ќе сум премиер и јас лично ќе ги бранам граѓаните. Уставот никој нема да го смени, тој ќе почитува. Груевски, на тебе и братучедите ќе ви одземе законот се што сте земале незаконски – рече Заев.

Пред граѓаните на Кавадарци Заев рече дека после 12 декември сите ќе осетат што е демократија.