Број на текстови објавени денес: 41
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Заев: Имам работено земјоделство, ве разбирам, ви носам живот!

unnamed261

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг на плоштадот во Неготино оцени дека Никола Груевски губи и во Неготино и во 4-та изборна единица.

–  Како не му е жал, да ве остави да висите по откупни пунктови и винарии, за нешто што сте го работеле со труд, со пот. Цела Македонија го молеше да интервенира, не ни дојде, ве остави уништени. Е затоа Неготино ќе казни и ќе даде придонес за промените рече претседателот Заев.

Тој порача дека македонскиот земјоделец ќе биде достоинствен, а не како сега, најсиромашен на светот.

– Има глобална побаувачка на храна, недозволиво е ова, ова во Македонија е само поради аздисаната, забегана власт што ја уништи Македонија. Овде сум да си го дадам зборот, да најавам светла иднина, живот најавувам. Вие сте мојот народ, а јас имам работено земјоделство, ова е последна реколта кога сте потценети и згазени. Државата ќе гарантира откуп на грозјето и на сите земјоделски производи  најави претседателот Заев.

Заев на вечерашниот митинг во Неготино порача дека на 11 декември граѓаните мора да излезат на избори, за да има живот во Македонија.