Број на текстови објавени денес: 59
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Заев: Гостивар испраќа порака на единство до тие кои се мислат Александар и Скендербег

%d0%b7%d0%b3

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва од Гостивар испрати порака до сите граѓани на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, други:

– Ви се колнам ќе стојам зад секој од вас без разлика на каква било различност. Аманетот од нашите претци заедно ќе го оствариме. Аманет имаме, тие заедно живееле. Во единството е силата. Гостивар вечерва испраќа историска порака, заедно ќе ја градиме оваа наша мајковина и татковина. Целиот свет на модерна Европа живее со различности и се развива. Што ни недостига нас, без памет сме?! Заради интереси оваа власт го дели народот, не знаат да одговорат на потребите на граѓаните, затоа сакаат поделби. До кога ќе дозволуваме – рече Заев.

Тој рече дека едниот пред избори се претвора во Александар Македонски, другиот во Скендер Бег.

– Едниот бара 63 пратеници, другиот сака да е главен во Парламентот. Каде е народот тука? Каде е народот? За народот има избори, не за нив! 10 години живот украдоа на граѓаните – рече Заев.

Претседателот на СДСМ, во Гостивар го објасни Планот за живот во Македонија на СДСМ и коалицијата и ги повика граѓаните да заокружат 4 на 11 декември и да обезбедат живот за децата и за себе во единствена Република Македонија.