Број на текстови објавени денес: 0
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Ердоган му ја појаснил на Путин својата изјава за уривањето на режимот на Асад

turcija-erdogan-2

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја појасни во телефонски разговор со претседателот на Русија Владимир Путин неговата изјава за плановите за уривање на режимот на сирискиот претседател Бараш ал Асад, изјави денеска советникот на Путин, Јуриј Ушкаков.

Тој меѓутоа не ги обелодени деталите од објаснувањето, кое Ердоган му го презентирал на Путин.

Кремљ синоќа соопшти дека Путин и Ердоган телефонски разговарале за Сирија, а особено за ситуацијата во Алепо.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави вчера дека Москва е изненадена од изјавата на Ердоган дека турските сили се присутни во Сирија за да се урне режимот на Асад, како и дека очекува објаснување од Анкара.