Број на текстови објавени денес: 0
DVE-LIRI-Baner6-970x90

ЕК предлага дополнителни гранични проверки за странци кои патуваат во ЕУ без визи

images-2215

Европската комисија денеска предложи воведување дополнителен систем за гранична контрола над странци кои имаат право да патуваат во Унијата без визи, јави БТА.

Предлогот предвидува лицата на кои не им се потребни Шенген виза за влез во ЕУ, претходно да го најават своето патувањето преку сајт или преку електронска апликација.

Пополнувањето на формуларот ќе трае десетина минути, а одобрението за патување ќе се дава речиси веднаш.

Одобрението ќе важи пет години и ќе чини пет евра.

Проверката на патниците ќе се извршува од автоматски систем. Последен збор сепак ќе има пограничната контрола на границата, која ќе може да одлучи дали ќе одобри или не влез во ЕУ.