Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Еко свест: Обид за рестарирање на ТЦ Осломеј без да знае јавноста

kolkucinizivotot1

Здружението Еко свест информира дека на 29.09.2016 година се случила јавна расправа за Студијата за оценка на влијанието на модернизацијата и рестартирањето на Т.Ц. Ослпмеј врз животната средина, за која тврди дека јавноста не била претходно известена.

Според Еко свест, соопштение нема на веб страната на АД Електрани на Македонија, ниту на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање, а соопштение нема и на гласилата на засегнатата Општина Кичево.

„Единствено соопштение до кое дојдовме ние е веста објавена во неколку македонски медиуми за веќе одржана јавна расправа објавена неколку дена отпосле, односно на 03.10.2016 година иако според Законот за животна средина инвеститорот има законска обврска да ја извести јавноста најмалку во едно дневно гласило на Републиката и на интернет страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина“, се наведува во реакцијата на Еко свест.

Според здравствената студија „Колку чини животот“ изработена во 2014, секоја година како резултат на загадувањето од термоелектраните во Битола и Осломеј од бронхитис заболуваат 60 деца.