Број на текстови објавени денес: 0
image003
image003

Еве што ќе направи Трамп во првите 100 дена

trump-posle-govor

На крајот на октомври, Доналд Трамп зборуваше во Гетисбург, Пенсилванија каде објави што ќе направи во првите 100 дена откога ќе дојде на функцијата претседател.

Планот (изложен подоле) содржи три главни области од интерес: чистење на Вашингтон, што вклучува ограничувања на мандатите во Конгресот; заштита на американските работници; и враќање на владеењето на правото. Тој исто така го изнесе неговиот план за соработка со Конгресот каде има намера да предложи 10 закони со кои ќе се укине Обамакер (здравствено осигурување), ќе се оформи фонд за изградба на ѕид на јужната граница (со одредба дека Мексико ќе мора да го надомести на САД), поттикнување на инвестиции во инфраструктурата, реконструкцијата на воените бази, промовирање на избор на училиште и многу други, пренесуваат Амита Кели и Барбара Спрант за НПР.

Првиот ден по победата, лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, не беше многу одушевен од некои негови планови. На предлогот на Трамп да се наметнат ограничувањата на мандатот во Конгресот, Меконел изјави: „Тоа нема да биде на дневен ред во Сенатот“. Меконел е долгогодишен противник на ограничувањата на мандатот и за тоа вели: „Би рекол дека ограничувањето на мандатот веќе го имаме – се вика избори“.

Меконел, исто така, беше ладен кон предлогот за инфраструктурни планови на Трамп, велејќи дека тоа не е врвен приоритет.

За укинувањето на Обамакер, Меконел рече дека тоа е „прилично високо на нашата агенда“, заедно со сеопфатната даночна реформа и постигнување на безбедност на границите „на кој било начин што е најефикасен“. Но, тој, одби да ја коментира агендата за имиграција во Сенатот.

– Се радуваме што ќе работиме со него – изјави Меконел. „Мислам дека за повеќето од работите за кои тој се залага кај нас ќе наиде на рабирање“.

Политиката на Доналд Трамп

Подоле е планот за првите 100 дена на Трамп изложен во октомври, наречен „Договор на Доналд Трамп со американскиот гласач“.

Ова е 100-дневниот план за акција што ќе ја направи Америка голема, повторно.

Тоа е договор помеѓу мене и американскиот гласач – и започнува со враќање на чесноста, одговорноста и промените во Вашингтон.

Затоа, на првиот ден од мојот мандат, мојата администрација веднаш ќе ги исполни следните шест мерки за да се исчисти корупцијата која влијае на политичките интереси во Вашингтон:

* Прво, ќе предложам уставен амандман со кој ќе се ограничи мандатот на сите членови на Конгресот;

* Второ, замрзнување на вработувањата во сите федерални институции за да се намали бројот на администрацијата со постепено намалување (освен во војската, јавната безбедност и јавното здравје);

* Трето, услов за да се донесе нов федерален пропис е два постојни прописи да мора да станат неважечки;

* Четврто, за секој кој ќе ја напушти службата во Белата куќа и Конгресот петгодишна забрана да стане лобист по напуштањето на владината служба;

* Петто, доживотна забрана за лобирање во корист на странска влада за секој званичник од Белата куќа;

* Шесто, целосна забрана странски лобисти да собираат пари за американските избори.

Истиот ден, јас ќе започнам со преземање на следните 7 активности за заштита на американските работници:

* Прво, ќе ја објавам намерата повторно да се преговара за договорот НАФТА или да се повлечеме од договорот во согласност со членот 2205.

* Второ, ќе го објавам повлекувањето од Транс-Пацифичкото партнесрство.

* Трето, јас ќе му наредам на мојот секретар за финансии да ја обележи Кина како валутен манипулатор.

* Четврто, ќе наредам на секретарот за трговија и на трговските претставници на САД да ги идентификуваат сите странски трговски злоупотреби кои се со лоши реперкусии за американските работници и ќе им наредам да ги искористат сите средства од американското и меѓународно право за да се стави крај на овие злоупотреби веднаш.

* Петто, ќе го укинам ограничувањето за производство на американските резерви на енергија, вклучувајќи ги и шкрилците, нафтата, природниот гас и чистиот јаглен во вредност од 50 трилиони долари, каде лежи голем потенцијал за вработување.

* Шесто, ќе ги укинам пречките од времето на Обама и Клинтон и ќе овозможам нова енергија во инфраструктурните проекти, како што е гасоводот Keystone, што ќе продолжи да се гради.

* Седмо, ќе го прекинам плаќањето на милијарди долари на Обединетите Нации за програмата на климатските промени и тие пари ќе ги употребам за поправка на американската инфраструктура за водоснабдување и животна средина.
Освен тоа, на мојот прв ден, јас ќе ги преземам следните пет активности за обновување на безбедноста и уставното владеење на правото:

* Прво, ќе го укинам секој неуставен извршен закон, меморандум и налог издаден од претседателот Обама.

* Второ, ќе го започнам процесот за избор на судија на Врховионт суд, како замена на Скалија, со еден од 20 судии на мојата листа, кој ќе го одржува и брани Уставот на Соединетите Американски Држави.

* Трето, ќе ги откажам сите федерални финансирања за градовите во кои живеат имигранти без документи.

* Четврто, ќе започне враќањето на повеќе од 2 милиона криминални нелегални имигранти од земјата и ќе им се укинат визите на странските држави кои нема да сакаат нив да ги земат назад.

* Петто, ќе ја суспендирам имиграцијата од регионите склони на терор каде не може да се спроведе безбедна проверка. Сите проверки на луѓето кои доаѓаат во нашата земја ќе бидат извршени со целосна проверка.
Следно, ќе соработувам со Конгресот за да се воведат следните пошироки законски мерки и ќе се борам за нивно донесување во рамките на првите 100 дена на мојата администрација:

1. Даночно олеснување за средната класа и поедноставување на законот. Економски план чија цел е раст на економијата од 4% на годишно ниво и создавање на најмалку 25 милиони нови работни места преку масовно даночно намалување и поедноставување, во комбинација со трговски реформи, регулаторни олеснувања и укинување на ограничувањата за американскита енергија. Најголемото намалување на даноците ќе биде наменето за средната класа. Семејство од средната класа со 2 деца ќе добие 35% намалување на даноците. Сегашниот број на заградите (појаснувањата) ќе се намали од 7 на 3, а даночните формулари исто така ќе бидат многу поедноставени. Данокот на бизнисот ќе биде намалена од 35 на 15 отсто, а трилиони долари американски корпоративни пари во странство, сега може да се вратат дома со данок од 10 проценти.
2. Крај на Законот за офшор производство. Ќе се утврдат тарифи за да се обесхрабрат компаниите од отпуштање на нивните работници за да се преселат во други земји и потоа да ги враќаат нивните производи назад ослободени од данок во САД.

3. Американски Законот за енергетика и инфраструктура. Ускладување на јавно-приватното партнерство, како и приватните инвестиции преку даночни олеснувања, за да се поттикнат инвестиции во вредност од 1 трилион долари во инфраструктурата во период од преку 10 години. Тој приход е неутрален.

4. Избор на училиште и Закон за образовни можности. Овој закон ќе ги пренасочи средствата за образование за да им даде на родителите право да го испратат своето дете во јавно, приватно, специфично, врвно, верско училиште или учење дома по нивнен избор. Нема веќе заеднички основи, образованието ќе биде под надзор на локалните заедници. Со тоа ќе се зголеми стручното и техничко образование, и ќе ги направи попристапни колеџите со 2 и 4 годишна настава.

5. Укинување и замена на Законот Обамакер (здравствено осигурување што сега го користат 20 милиони осигуреници). Целосно поништување на Обамакер и замена со Здравствени сметки за штедење, можност да се купи здравствено осигурување и од друга држава, што ќе им овозможи на државите да управуваат со Medicaid средствата. Реформите исто така ќе вклучуваат и смалување на бирократијата во ФДУ: над 4.000 лекови чекаат одобрување, а ние посебно сакаме да го забрзаме одобрувањето на лековите кои ќе спасат животи.

6. Закон за грижа на деца и грижа за стари лица. Овој закон ќе овозможи на Американците да им се одбијат од данокот средствата за грижа на децата и стари лица, ќе ги поттикне работодавачите да обезбедат услуги за грижа на децата, и ќе создаде Штедни сметки за зависни од грижа ослободени од данок, како што се децата и старите лица, со соодветен придонес за семејствата со ниски приходи.

7. Закон за илегална имиграција. Средства за изградба на ѕид на нашата јужна граница што подразбира дека државата Мексико целосно ќе ги надомести трошоците на САД потрошени за тој ѕид; воведување на 2-годишна задолжителна минимална федерална затворска казна за нелегално повторно влегување во САД по претходна депортација, и 5-годишна задолжителна минимална казна за нелегално повторно враќање на тие кои имаат сторено кривично дело, повеќе прекршочни казни или две или повеќе претходни депортации; исто така реформа на визниот режим за да се зголемат казните за тие кои го пречекориле дозволениот престој и да се обезбеди дека слободните работни места прво ќе бидат понудени на американските работници.

8. Враќање на Законот за безбедност на заедницата. Намалување на зголемениот криминал, дрога и насилство, преку создавање на Единица за интервенција за борба протв насилниот криминал и зголемување на средствата за програми за обука и помош на локалната полиција; зголемување на средствата за федералните агенции што спроведуваат закони и федералните обвинители за да ги уништат криминални банди и да ги стават насилните сторители зад решетки.

9. Враќање на Законот за државна безбедност. Законот ќе ја обнови нашата армија при што ќе нема намалување на буџетот за одбрана туку зголемување на воените инвестиции; закнот ќе обезбедува ветераните да можат да добиваат третман во јавните здравствени установи или кај приватен лекар по сопствен избор; заштита на нашата витална инфраструктура од сајбер-напад; ќе се воспостават нови скрининг процедури за имиграцијата за да се обезбеди дека тие кои се примени во нашата земја го поддржуваат нашето општество и нашите вредности.

10. Чистење на корупцијата со Вашингтонски закон. Во него ќе се донесат нови етички реформи за да се исуши мочуриштето и да се намали влијанието на корупцијата што се однесува на посебните интереси на нашата политика.

На 8-ми ноември, Американците ќе гласаат за овој 100-дневен план за враќање на просперитетот на нашата економија, безбедноста на нашите заедници и чесноста на нашата влада, рече Трамп на крајот на говорот и додаде:

Ова е тоа што ви го ветувам.

И ако ние ги следиме овие чекори, ние уште еднаш ќе имаме влада од и за народот.