Број на текстови објавени денес: 59

ДУИ отвори штаб во училиште, на новинарите им забрани пристап (ВИДЕО)

download794

Демократската унија за интеграција отвори изборен штаб во основното училиште „Јашар Беј Шкупи“, во населбата Дуќанџик во општината Чаир, објави ТВ Шења.


TEUTA 1 21 11 2016 MK by tvshenjaofficial

Екипата на телевизијата вечерва се обидела да го сними овој штаб, но била спречена од членoвите на оваа политичка партија кои во тој момент биле внатре во штабот. Членовите на ДУИ првин им рекле дека за да снимаат треба да имаат дозвола, а потоа почнале да им се закануваат дека не смеат да објават никаква снимка.

– Нема ништо тука. Не може да се приближите внатре. Ние луди ли сме?! Гледај, немој да снимаш со телефон овој што зборувам. Немој случајно нешто да снимиш, не знам дали ме разбираш, мене да ме снимиш и да излезе нешто, не само вака. Јас не сум душман не знам колку ме разбираш, јас како човек ти кажувам немој случајно да ме снимаш и нешто да излезе… – му вели на новинарот на ТВ Шења член на ДУИ, кој тајно е снимен со мобилен телефон.

Запрашани за случајот, од ДИК изјавиле дека тие не се надлежни да се грижат за местата на изборните штабови во кампањата, туку дека тие се надлежни само за денот на изборите.

Од ТВ Шења се обиделе да стапат во контакт и со министерот за образование, Пиштар Љутфиу, кој е од редовите на ДУИ, но не успеале од него да добијат одговор за злупотребата на училиштата за партиски цели.