Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Државниот пазарен инспектор Адмир Муџаид Дајовски ги уценува Турците во Ресен за вработување во МВР

licenca

Демократската Партија на Турците на Македонија која ја предводи верниот послушник на Никола Груевски Елен Хасипи, како што објавивме прават невиден притисок спрема апликантите од Турска националност во Ресен, а кои лица аплицирале на огласот за Прием на полицајци во МВР. Како што објави денес редакцијата на ОхридСкај апликантите од Турската националност од Ресен деновиве од страна на претседателот на огранокот на Демократската Партија на Турците во Ресен Адмир Муџаид  Дајовски заедно со уште неколку негови приврзаници одел од врата до врата кај фамилиите од апликантите, при тоа уценувајќиги дека доколку не земат партиска книшка од Демократската Партија на Турците и не ја подржат ВМРО-ДПМНЕ во нејзините активности и не ја одработат варијантата 1+4 за избори немат воопшто да бидат примени во МВР!?

Лицето кое врши невиден политичко-партиски мобинг на турските граѓани е вработен во Државниот пазарен инспекторат во Ресен на 06.07.2016 година, прилог лиценца за инспектор сериски бр. 01163002 издадена од Република Македонија – инспекциски совет од страна на ВД претседателката на инспекцискиот совет Иринка Ќосева.

Лицето Адмир Муџаит Дајовски на фотографиите кои ги приложуваме може да го видите во друштво со Реџеп Таип Ердоган кои фотографии се ударни на неговиот фејсбук профил. Како што и напоменавме од Ресен од страна на етничките заедници во МВР е предвидено прием на тројца кандидати, а пријавени се над 100 кандидати.

Кој си зема за право да се поигрува со повеќедеценискиот соживот на сите граѓани на Ресен и да уценува фамилии за работно место?

pazaren 3 pazaren 4 pazaren 2

ОхридСкај