Број на текстови објавени денес: 37
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Денеска и дожд и снег, од утре заладување

snegggggg

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе бидат проследени со засилен северен ветер, а во попладневните часови врнежите и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Ќе се формира снежна покривка, особено на планините во западните делови.

Температурата ќе се движи од два до десет.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Температурата ќе достигне до пет степени.

Во вторник времето ќе биде многу студено и ветровито со врнежи од снег со послаб интензитет и во пониските делови на земјава. Потоа следува стабилно време со постепен пораст на температурата.