Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Дали Кривичниот суд ќе стави сопка за кандидатите за пратеници?

sobranie-sala

Државната изборна комисија попладнево ќе ги разгледува известувањата што ги добиле од политичките партии во кое се предупредува дека поради  рокот за издавањето на уверенијата од судот за неосудуваност, кандидатите за пратеници може да го промашат рокот за пријавување во ДИК.

– Ги добивме известувањата и попладнево ќе имаме итно состанок и ќе заземеме став. Имам информација дека и досега се јавувале вакви проблеми, но се наоѓало решени – вели претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.

Согласно Роковникот за избори, кандидатските листи до ДИК треба да бидат поднесени до полноќ во петок. ДИК има рок од 48 часа за да ги разгледа кандидатурите, а оние што се комплетни ќе добијат уште 48 часа за да ги комплетираат.

Денеска Основниот суд Скопје 1 информираше дека уверенијата од казнена и кривична евиденција на кандидатите за пратенците ќе ги издаде во рок од пет до седум дена, како и за сите дурги граѓани кои вадат вакви документи.