Број на текстови објавени денес: 87
LAKI HOTEL

Груби ги демистифицираше странските служби: Кризата во Македонија има евроазиски автор

artan-grubi3

Носителот на пратеничката листа на ДУИ во ИЕ 1, Артан Груби, во вчерашната дебата на телевизија Алсат М, рече дека кризата во Македонија и во регионот има евроазиски автор.

– Јас верувам дека мнозиството граѓани верува дека има влијание на различни сили, евроазиски во создавањето на проблеми во безбедносните прашања. Тоа го гледаме и во формирањето на одредени политички партии и тоа е алармантно и неприфатливо за нас. Кризата што се развива во Босна, во Србија, Косово Црна Гора, во Македонија, јас мислам дека има евроазиски автор – рече Груби.

На новинарско прашање, кои се тие земји, Груби рече „не би сакал да ги именувам директно во недостиг на силни аргументи“.