Број на текстови објавени денес: 41
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Галијата кај МЕПСО со насип се штити да не заплови по Вардар во пластични шишиња

galija-7

Дождовите кои изминативе два дена го зафатија Скопје и зголемениот водостој на реката Вардар ги загрижија надлежените кои денеска почнаа со активности за заштита на галијата кај МЕПСО од евентуална поплава.

galija-5-1

Галијата денеска беше опколена од пластични шишиња, кои надојдените води на Вардар ги носат од сите страни и ги „складираат“ кај една од градбите од проектот „Скопје 2014“.

Попладнево на местото имаше градежна механизација – багери и камиони со песок  – кои поставуваа земјен насип пред „носот“ на галијата, за заштита од поплавување на долните катови и бариера за отпадот во Вардар.

Мета