Број на текстови објавени денес: 0
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Вујановиќ му додели мандат на Душко Марковиќ за состав на нова црногорска влада

markovic

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ денеска му додели мандат на поранешниот шеф на разузнавањето Душко Марковиќ да состави нова влада по тензичните парламентарни избори, кои се одржаа минатиот месец.

Маровиќ ќе го замени досегашниот долгогодишен премиер Мило Ѓукановиќ, чиј е близок соработник и негов заменик во владејачката Демократска партија на социјалистите, која е на власт во Црна Гора повеќе од 25 години.

ДПС ги освои мнозинството гласови на изборите на 16 октомври, но партијата ќе мора да коалицира со други помали партии за да може да состави влада.

Опозициските партии во земјата не ги признаваат резултатите од изборите, обвинувајќи дека имало голем број неправилности.