Број на текстови објавени денес: 31

Воен злосторник стана градоначалник на босанскиот град Велика Кладуша

fikret

Неколкумина новоизбрани градоначалници во Босна ја бојкотираа денеска церемонијата за инаугурација на 76-годишниот Фикрет Абдиќ, кој е осуден за воени злосторства, како градоначалник на градот Велика Кладуша.

Абдиќ беше прв повикан за време на церемонијата во Сараево, на која беа утврдени градоначалниците, кои победија на локалните избори на 2 октомври. Градоначалниците на градовите во реонот на Велика Кладуша пристигнале да ги подигнат своите документи дури откако Абдиќ го зема својот.

За време на војната во Босна од 1992 до 1995 година Абдиќ и се спротивстави на централната влада во Сараево, создавајќи автономен регион околу Велика Кладуша во 1993 година.

Тој беше осуден во Хрватска на 15 години затвор поради учество во апсења и убиства на муслимани за време на војната и беше ослободен во 2012 година, откако отслужи две третини од казната.