Број на текстови објавени денес: 0

ВИДЕО: Сите лаги на Академик Грозданов за Самоиловата Патријашија ,Дел 2-ри

novo zura avgust 2016.Still001

Антони Велики, таткото на монаштвото ќе остави запишана една голема мисла која гласи: -„ НЕСМЕТАЈ СЕ СЕБЕСИ ЗА МУДАР И УЧЕН, ИНАКУ ЌЕ ПРОПАДНЕ ТРУДОТ ТВОЈ, И БРОДОТ ТВОЈ, КОЈ ЌЕ ДОПЛОВИ ПРАЗЕН ДО БРЕГОТ!“

Но денес, за жал се е обратно! Или неколку личности ги присвојуваат сите изминати и сегашни најнови откритија, посебно од Историјата на уметноста откриени, забележани и објавени или презентирани во најеминентните научни изданија како во Македонија така и во Светот, а откриени од нивни колеги кои целиот свој живот го поминале во теренски многубројни истражувања. Но на почеток да појасниме, неможе да се спореди работата на кабинетските професори кои никогаш не излегле на терен, Туку ги примаат информациите од нив задолжени луѓе, точни или погрешни, со оној пасиониран теренски истражувач кој на лице место ги открива, идентификува, компарира и објавува сето она непознато за науката. Еднашка виденото е како сто пати прочитаното, но за жал денеска е обратно, онака десет пати повторената лага станува вистина или што би рекле квази историчарите на навокомпонираната квази историја на ДПМНЕ (НИКОГАШ СО СВОИ ОЧИ НЕ СЕ ГО ВИДЕЛ, АМА ПО КАЖУВАЊЕ ТИ ТВРДИШ ДЕКА ПОВЕЌЕ ЗНАЕШ ОД ОНОЈ ШТО ГО ВИДЕЛ) Редакцијата на ОхридСкај по најавата на Академик Цветан Грозданов, дека ќе одржи предавање во куќата на Уранија на 23.07.2016 насловена како „Фрескоживописот на Света Софија во светлината на најновите проучувања во Светот“ поставивме јавно прашање дали конечно Академик Грозданов ќе ја објави вистината за Самоиловата Патријашија ?

Искрено да кажеме неверувавме дека Академик Грозданов ќе се охрабри да говори за Самоиловата Патријашија! Во своето четиресет-минутно излагање Академик Грозданов се наврати на неговиот адолесцентен-тинејџерски живот, како тоа учествувал во конзервација на фреските во 1951 година, и за Византолошкиот конгрес одржан во Охрид во 1961 година?! Целиот говор на Академик Грозданов помина монотоно што се се случувало во неговиот живот пред педесетина години.

Монотонијата на излагањето на Грозданов ја разби Доктор Рубин Земон еминентен Етнолог и Египтолог кога на Акедемик Грозданов му го постави следното прашање:

-„Почитуван Академиче Грозданов, дали би биле љубезен да кажете нешто за оние ископини јужно од Света Софија, во кои се откри огромен столб на кој беше насликан лик на Светител во молитвен став. Имено за каков објект се работи академиче Грозданов?“

На ваквото прашање на Д-р Рубин Земон створи голема нервоза кај Академик Грозданов кој видно револтирано ќе одговори:

-„Јас знам за што се работи но нема да кажам, ниту пак ќе напишам. За тоа треба да го прашате Археологот Паско Кузман кој беше раководител на истражувањата и кој незнам од кои причини не е присутен, можеби затоа што е под 24 часовна полициска присмотра…?!“

Ваквиот одговор навистина е многу неумесен од една личност која носи титула Академик кој на крајно перфиден начин го избега одговорот на прашањето на Д-р Земон !