Број на текстови објавени денес: 42
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Вардарки гостуваат во Лајпциг во дуел од Лигата на шампионките

vardar33

Македонскиот првак ЖРК Вардар попладнево во Германија против Лајпциг ќе го игра последниот натпревар од првата фаза по групи во женската ракометна Лига на шампиони.

Вардарки кои веќе го осигураа првото место во групата Б, на гостувањето кај Лајпциг ќе треба да ја потврдат улогата на фаворит против германската екипа која во Скопје ја совладаа убедливо со 41:24.

Дуелот Лајпциг – ЖРК Вардар кој ќе започне од 15 часот е еден од четирите кои се играат денеска во Лигата на шампионките.

Во првиот меч од ова последното 6.коло одигран вчеравечер Будуќност го совлада Гласверкет.

Комплетни двојки и табели:

А група: Будуќност – Гласверкет 22-21 и Турингер – Мец (сабота).
Табела: Будуќност 10, Мец 8, Турингер 4, Гласверкет 0.

Б група: Лајпциг – ЖРК Вардар (сабота) и Астраханочка – Ференцварош (недела).
Табела: ЖРК Вардар 9, Ференцварош 7, Астраханочка 2, Лајпциг 2.

Ц група: Ѓер – Ростов (сабота) и СЦМ Букурешт – Митјиланд (недела)
Табела: Ѓер 8, Митјиланд 6, СЦМ Букурешт 4, Ростов Дон 2.

Д група: Ларвик – Крим (сабота) и Есбјерг – Савенхоф (недела).
Табела: Ларвик 6, Крим 6, Есбјерг 4, Савехоф 4.