Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Бугарската претстава „Вампир“ вечерва на „Скупи фестивал“

%d1%81%d0%ba%d1%83

Во рамките на МТФ „Скупи фестивал“, вечерва во 20 часот во МКЦ во Скопје ќе се одигра претставата „Вампир“ во продукција на Драмскиот театар „Никола Вапцаров“ од Бугарија.

Според режисерката Маргарита Мачева, светот во „Вампир“се темели врз строги правила, ставени пред чувствата, желбите и личниот избор. Кршењето на овие закони води во бездна. Неспособноста на човекот да се справи со своите желби и страсти води кон самоуништување и смрт.

„Вампир“ е претстава за нерационалните желби, за храброста да се биде поинаков, за внатрешниот порив и за борбата за опстанок во свет во кој овие пориви се забранети. Претставата не се препорачува за лица под 14 годишна возраст.

Билетите со цена од 150 денари можат да се купат на билетарницата на МКЦ, или да се резервираат на bileti@mkc.mk.

МТФ „Скупи фестивал“ е поддржан од Министерството за култура на РМ и Градот Скопје.