Број на текстови објавени денес: 15
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Бугарите во банките чуваат 32 милијарди евра

evraa6

Вкупниот износ на депозитите на граѓаните и фирмите во бугарските банки кон крајот на септември изнесуваше 62,4 милијарди лева, односно 32 милијарди евра.

На годишно ниво депозитите се зголемени за 7,8 отсто, покажуваат податоците на Бугарската народна банка. На своите сметки 40.749 Бугари располагаат со суми од 50.000 до 100.000 евра, а 6.734 депоненти со износи од 100.000 до 250.000 евра, пишува софискиот весник „Труд”.