Број на текстови објавени денес: 0
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Бритни Спирс си фати 12 години помлад манекен ФОТО

britni-spirs

Пејачката Бритни Спирс (34) пронајде нова љубов, манекенот Сем Асхари (22). Двојката се фотографила во прегратка, притоа уживајќи во јапонски специјалитети. Меѓутоа, фотографијата која се појавила на Инстаграм, во меѓувреме исчезнала. „Новопечената двојка“ изгледала мошне опуштеново јапонскиот ресторан.

Бритни го запознала сексапилниот Сем на снимањето на спотот за својата нова песна „Slumber Party“. Поголемо внимание од песната привлекол главниот машки лик во спотот, мускулестиот фитнес модел.

Не постои официјална потврда дека Бритни и Сем се двојка, а пејачката неодамна изјавила дека не бара маж.

– За фраерите сè е тоа само игра – телефонирање и СМС-пораки. Не барам маж. Задоволна сум со себе – рекла Бритни.

Последната официјална романса на поп-принцезата беше она со телевизискиот продуцент Чарли Еберсол, но заврши во 2015 година.

Бритни со поранешниот сопруг, танчарот Кевин Федерлин (38) ги има синовите Шон (11) и Џејден (10).