Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Брисел одложува важен состанок со Македонија, ги чека изборите

eu-mkd

ЕУ се уште не го одржала Советот за стабилизација и асоцијација со Македонија, што е преседан и досега се нема случено со една земја-кандидат и потенцијален кандидат за членство во Унијата, јави дописникот на МИА од Брисел.

Наводно, официјален Брисел ќе чека да завршат предвремените парламентарни избори во Македонија, закажани за 11 декември, по кои ќе се обиде во преостанатите 15-тина работни денови до крајот на годината, сепак, да се одржи состанокот на Советот со Македонија.

Инаку, како што јавува дописникот на МИА, во Брисел денеска се одржа првиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација (ССА) меѓу Европската унија и Косово, кој според Унијата означува нова важна етапа во односите меѓу ЕУ и Приштина.