Број на текстови објавени денес: 37
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Богоевски ѝ порача на власта дека тој и Трајанов ќе бидат нивниот мрак

%d1%81%d0%b13

Тука сме не да се претставиме кои сме, туку да го обзнаниме почетокот на крајот на тиранската власт наречена злосторничко здружение. Неодамна лидерот на тоа злосторничко здружение за мене и за лидерот на овој блок, Павле Трајанов, изјави дека сме марчни слики. Јас му одговарам да, ние ќе ви бидеме вашиот мрак, рече Слободан Богоевски, екс разузнавач и носител на кандидатската листа на Коалицијата за промени и правда во чевртата изборната единица.

– Да, ние ќе бидеме вашиот мрак. На 11 декември ќе го победиме овој режим. Ќе ги победиме вредностите на кои почива ова злосторничкото здружение. Ќе ги казниме зошто ја одзедоа перспективата на младите. Јас и Павле Трајанов во 1989 година се боревме за департизација на институциите. Сега доживеавме да се бориме против истото – додаде Богоевски – рече Богоевски.

Коалицијата за промени и правда попладнево одржа Конвенција на која ги претстави носителите на листа во шесте изборни единици. Лидерот на ДС ќе биде носител на пратеничката листа во првата изборна единица.

На листите се наѓаат звучни имињата како артистот Благоја Чоревски, Марија Џиџи како претставник од албанската заедница, Драгана Букилица како претставник на црногорската заедница. Комплетните листи ќе бидат објавени утре.
фото: А1 он