Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Богаташката ја налути јавноста: Тамара Еклстон направила скандал на хуманитарната забава

590243f77c83bceaf188

Славната богаташка Тамара Еклстон (32) пак се најде во центарот на скандалот, откако организирала хуманитарна забава во британската престолнина.

Ќерката на првиот човек на Формула 1, Берни Еклстон, ветила дека ќе продаде 1.000 дизајнерски парчиња од нејзиниот плакар, а парите од продажбата ги наменила за една болница во Лондон.

Пофалбите што ги добила поради оваа хуманитарна акција се претвориле во критики, откако медиумите пренеле дека на самото место на настанот направила скандал.

На забавата се задржала еден час, одбивала да разговара со гостите и организаторите, и на крајот наместо ветените 1.000, продала само 65 парчиња од својата гардероба.

– На богаташката не ѝ се допадна организацијата па одби да разговара со гостите – рекла организаторите. Тие додале дека од забавата заминала без поздрав, а со својата придружба ја срушила и куклата на која била изложена облеката за продажба.

– Сосема не изигнорира, а не ни одговори ниту каде е остатокот од облеката којашто требаше да се донира – рекле организаторите.

Портпаролот на Тамара ја демантирал оваа приказна.

– Разочарани сме поради тоа што е една брилијантна добротворна забава е оцрнета со лаги – рекол портпаролот на Тамара Еклстон.