Број на текстови објавени денес: 38
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Битолчани од четврток со блокада на патот кон РЕК Битола

blokada-zagaduvanje-na-vozduhot-600x400

Битолчани ги рективираат протестите против загадениот воздух. По неколкунеделното енормно загадување на амбиенталниот воздух во градот, здружението „За нас се работи“ повикува на блокада на патниот правец кој од Битола води до РЕК Битола, со слоганот „Битола се задушува, Битола умира“.

Блокадите се најавуваат од четврток до сабота, во период од 15 до 17 часот, кога битолчани, и особено вработените во РЕК, завршуваат со права смена и одат на работа во втора смена. Битолчани поставија барања до надлежните и се закануваат дека доколку не ги исполнат, следува целосна блокада на РЕК Битола.

Тие бараат субвенционирање на електрична енергија до спроведување на гасификација, како и спроведување на режим на сообраќај во централното градско подрачје. Од здружението „За нас се работи“ велат дека ултиматумот е упатен до Општината и до Владата, при што се дистанцираат од каква било политичка конотација поврзана со предвремените парламентарни избори.

Извор: Мета