Број на текстови објавени денес: 90
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

„Бетон Штип“ купува удели во „Здравје Радово“

%d0%b1%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%bd-%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf2

Акционерите на штипската градежна компанија „Бетон“ еден од најголемите градители во мега проектот „Скопје 2014“ планираат да вложат 6 милиони евра за да купат 49 отсто од уделите во млекарницата „Здравје Радово“, пишува Фактор.

Ова е предлог одлука на Одборот на директори, која ќе бие ставена на дневен ред на претстојното собрание на акционери на штипската компанија закажано за 16 декември годинава.

Во акционерската структура на „Бетон Штип“ има четири големи акционери од кои најголем е штипската компанијата „Езимит“ која поседува 23,3 отсто од акциите со право на глас, сопственост на Зоранчо Митровски, потоа три компании кои имаат по 19,5 отсто и тие се: ТИМ доо градежно друштво, „Орка Холдинг“ на Јордан Камчев и „Ексико“ сите од Скопје. Во акционерската структура има уште 97 домашни физички лица кои поседуваат 14,18 отсто од акциите .

За девет месеци од годинава  „Бетон Штип“ има вкупни приходи од продажба кои изнесуваат околу 9,5 милиони денари. Зделката од 6 милиони евра претставува повеќе од полугодишните приходи на оваа градежна компанија.