Број на текстови објавени денес: 1
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Атина се сомнева дека реформите што ги бара ММФ нема да донесат конкурентност

grcija-portparol-cankopulos

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) инсистира на серија реформи, за кои веруваме дека нема да придонесат за конкурентноста на земјата, изјави портпаролот на грчката Влада, Димитрис Цанакопулос во врска со втората ревизија на грчката програма.

– Ќе продолжиме со вториот преглед на програмата, без да преговараме за прашања што се однесуваат на работниците, истакна тој во изјава за телевизијата „Скај“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Цанакопулос потенцира дека „Владата се обидува да го врати режимот на колективното договарање“.

Атина, исто така, сака да се разјасни дали ММФ сака да учествува во програмата и на кој начин, додавајќи дека Фондот не треба да наметнува строги услови за да учествува.

Тој, исто така, рече дека Владата има за цел ревизијата да заврши до 5 декември, за кога е закажан состанокот на Еврогрупата, за да може да се утврди распоред за порамнување на долгот.