Број на текстови објавени денес: 59

Албум од Белата куќа: Интимните фотографии го откриваат другото лице на Барак Обама ФОТО

0f5cef87e85121e74f86be0e9a6a7b99

Иако повеќето жители на планетата се запознаени со тоа колку е „кул“ Барак Обама, со помош на овие фотографии можеме да се сосема увериме во тоа. Обама е прикажан како се дружи со децата, спортистите, како изгледаат неговите излегувања во ресторан и неговиот однос со сопругата Мишел Обама, пишува „Дејли мејл“.

Една од фотографиите го покажува синот на еден член од персоналот како го гали по главата. Фотографијата е забележана на 8 мај 2009 година во Овалната соба во Белата куќа.

Обама ја притиснал вагата додека директорот на Трип Мартин НИколсон се мери во соблекувалната на одбојкарскиот тим на Тексас Унивезритетот во Остин. Фотографијата настанала на 9 август 2010 година.

Со ќерката на Вен Роудс во Овалната соба на 4 јуни 2015 година.